速報APP / 社交 / StopKorona!

StopKorona!

價格:免費

更新日期:2020-07-17

檔案大小:29.1 MB

目前版本:1.1.1

版本需求:系統需求:iOS 11.0 或以後版本。相容裝置:iPhone、iPad、iPod touch。

StopKorona!(圖1)-速報App

StopKorona! е мобилна апликација наменета да придонесе во стопирање на ширењето на коронавирусот и да ги заштити корисниците. Апликацијата користи постапка за откривање на растојание помеѓу мобилните уреди / апликации на други лица, со употреба на Bluetooth технологија. Основната цел на апликацијата е да обезбеди брз одговор на здравствените власти за лицата кои биле во близок контакт со заразеното лице во изминатите 14 дена.

Апликацијата користи Bluetooth за да комуницира со други корисници на апликацијата и разменува шифрирани, анонимни податоци за растојанието на сите околни уреди, на далечина релевантна за ширење на инфекцијата, во текот на ограничен временски период во последните 14 дена.

StopKorona!(圖2)-速報App

Доколку корисник на апликација се зарази со вирусот, Министерството за здравство ќе побара од корисникот на апликацијата да ја сподели со Министерството листата со податоците од неговата апликација, при што надлежните органи ќе ги детектираат телефонските броеви и ќе ги известат лицата кои што биле во непосредна близина со лице кое е носител на COVID-19, притоа заштитувајќи ја целосно неговата приватност.

Корисниците имаат целосна контрола врз нивната приватност. Единствениот податок поврзан со корисникот е мобилниот телефонски број. Тој се чува на безбеден сервер управуван од Министерството за здравство и ќе се користи по согласност на корисникот, само доколку корисникот е заразен со коронавирус.

StopKorona!(圖3)-速報App

Сите корисници на апликацијата даваат личен придонес во колективната борба против оваа заедничка здравствена опасност. Колку повеќе корисници на апликацијата - толку подобри и побрзи резултати во борбата против вирусот.

Повеќе информации на: https://stop.koronavirus.gov.mk

StopKorona!(圖4)-速報App

支援平台:iPhone, iPad