速報APP / 財經 / Moj DDV

Moj DDV

價格:免費

更新日期:2020-07-22

檔案大小:9.7 MB

目前版本:2.1.3

版本需求:系統需求:iOS 10.0 或以後版本。相容裝置:iPhone、iPad、iPod touch。

支援語言:英語

Moj DDV(圖1)-速報App

Мој ДДВ - Апликација за поврат на ДДВ за граѓаните на Република Северна Македонија.

Лесно скенирајте ги вашите сметки за да добиете право на 15 % поврат од ДДВ.

Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то е достапна за сите граѓани на

Република Северна Македонија кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани

или ќе се регистрираат на системот на УЈП ujp.gov.mk.

Апликацијата сега подржува два типа на баркод скенер:

1.Основен

- Скенира само директно над кодот

2.Напреден

- Оптимизиран за DataMatrix

- High-Speed Scanning: Industrial Scanning Algorithm

- Omni-directional scanning for 360 degrees

- Скенирање под агол до 45 степени

- Patterns recovery за оштетени кодови

Промената на тип на баркод скенер се прави кај екранот за Профил.

*** Проблеми со скенирање ***

1. Ако се отвара камерата ама на сите сметки се враќа на претходен екран и

сметките ги нема во извештајот.

-Пробајте да се префрлите на Основниот тип на Баркод скенер преку екранот за профил.

2. Апликацијата скенира некои сметки, а други не.

-Најдобро се скенира кога сметката не е свиткана. Затоа поставете ја на маса и затегнете за да биде рамна.

Обидете се 10 секунди да ја држите камерата насочена кон баркодот.

На овој начин и сметки со малку оштетувања се скенираат.

3. Апликацијата не скенира сметки од Макпетрол

-Сметките од Макпетрол се скенираат само со Напредниот тип на Баркод скенер.

Само доколку не се оштетени. Основниот тип нема да ги скенира.

ЧПП

Moj DDV(圖2)-速報App

1. Споро отворање на апликацијата и споро појавување на екранот за најава со ПИН

-При отварање апликацијата пробува да воспостави интернет конекција до УЈП.

Доколку интернет конекцијата не е стабилна може да се појави мало доцнење до појавување на екранот за најава со ПИН.

2. Некомпатибилен уред

-Апликацијата може да се користи на уреди со iOS 10 и нагоре.

3. Логирање

-Се користат емаил и лозинка од еПДД, за да се добие еПДД корисничкиот број.

Ако сте ја заборавиле лозинката треба да ја ресетирате преку сајтот на еПДД.

Се генерира пин само првиот пат а после истиот се користи за логирање.

4. Невалиден пин

-Пинот кој може да се внесе е 4-цифрен број од 0000 до 9999.

5. Промена на пин

-Ако сте го заборавиле пинот горе десно во менито имате опција за промена/внесување на нов пин.

6. Внесување на трансакциска сметка

-Се внесува трансакциската сметка и лозинката од еПДД (не пинот) за потврда.

Трансакциската сметка не е иста со број на дебитна/кредитна картичка.

7. Нема конекција до УЈП

-Проверете дали имате активна интернет врска (3G, 4G, WiFi).

8. Скенирање

-Кога ќе се отвори камерата не треба да има копче или да се слика,

само треба да се позиционира над баркодот (било каде на екранот) за да ја прочита.

9. Оштетени сметки

-Доколку сметката има повеќе од 10% оштетување (неисправен печатар, лоша хартија),

апликацијата не може да ја прочита. Ако баркодот не може да се прочита таа сметка може да се внесе преку рачен внес во УЈП.

10. Од кој датум се валидни сметките за враќање на данокот

-Сите фискални сметки со датум после 01.07.2019.

11. Сметки за струја и телефон

Moj DDV(圖3)-速報App

-Сметките за комуналии не може да се скенираат

支援平台:iPhone, iPad