速報APP / 商業 / МојБизнис.Мк

МојБизнис.Мк

價格:免費

更新日期:2019-07-24

檔案大小:5.9M

目前版本:1.1

版本需求:Android 4.4 以上版本

官方網站:http://mojbiznis.mk

Email:evtimovmk@gmail.com

聯絡地址:隱私權政策

МојБизнис.Мк(圖1)-速報App

Во денешниот клиентски-центричен, дигитален свет, многу сопственици на бизниси и менаџери се бомбардирани со "информации" и итно бараат начини за добивање поголема контрола и разбирање на податоците кои им се потребни на нивната компанија.

Едно од најдобрите решенија за овој растечки проблем е да се донесе стратегија за деловна(бизнис) интелигенција (БИ), но во реалноста многу компании се бавни за да го сторат тоа.

Вистината е: деловната интелегенција и употребата на паметни алатки треба да биде составен дел од работењето на секоја компанија.

Кога беа замолени да ги идентификуваат проблемите со кои се соочуваат, освен да најдат финансии, претприемачите најчесто го наведуваат пристапот до информации и услуги за поддршка.

МојБизнис.Мк има за цел да ги обезбеди овие информации. Тоа е онлајн алатка за мали и средни бизниси која нуди лесен пристап до информации, ресурси и онлајн обуки релевантни за мали, микро и средни претпријатија низ разни индустрии и бизнис сектори.

Таа е наменета за секој претприемач кој сака да започне или да jaразвие својата постоечка компанија.

Во Македонија, просечниот сопственик на мал бизнис едноставно нема буџет да вработи експерти или обучувачи за да обезбеди вид на вештини достапни на алатката. Ова е причината зошто оваа алатка е отворена за сите претприемачи, бесплатно.

Многу претприемачи имаат вештини специфични за индустријата, но не мора да имаат обука или искуство за управување со други аспекти на бизнисот. МојБизнис.Мк ја надминува оваа празнина, преку доведување на информации потребни за да се води успешен бизнис на претприемачот.

МојБизнис.Мк(圖2)-速報App

МојБизнис.Мк е „Паметна алатка за управување со бизнис“ и е во состојба да им обезбеди на македонските претприемачи пристап до информации и ресурси во форма која е лесна и разбирлива за користење на корисниците.

МојБизнис.Мк Ви обезбедува how-to водичи, деловни и правни формулари, финансиски алатки, онлајн обука и информативни ресурси развиени од водечки експерти.

Сите аспекти на деловното поставување и управување се опфатени, од бизнис планирање до сметководство, финансиски менаџмент, човечки ресурси, увоз и извоз, правни и осигурителни прашања, маркетинг, продажба, секојдневно работење и придобивките од информатичката технологија.

МојБизнис.Мк е креирана преку проектот: „Паметна алатка за управување со бизнис“, кој има за цел да се подобри економијата на земјата преку развој фокусиран кон намалени регулаторни и административни бариери и преку забрзување на постапките и намалување на трошоците за основање и водење на малите и средните претпријатија.

ПОСЕБНИ ЦЕЛИНА ПРОЕКТОТ:

1. Охрабрени сопственици на МСП, зајакнати капацитети на бизнисите во практикувањето и спроведувањето на законските услови за водење бизнис во Македонија.

2. Зголемен капацитет на менаџерите на МСП по однос на користењето на нови мрежни алатки во процесот на управување со бизнисот.

3. Воспоставен силен, одржлив и продуктивен “triple helix” модел на соработка помеѓу малите и средни претпријатија, јавните институции и граѓанските организации кои ќе ја подобрат меѓусекторската соработка и ќе придонесат кон развивање на силна и независна економија во земјата

МојБизнис.Мк(圖3)-速報App

ЦЕЛНА ГРУПА (и): Мали и средни претпријатија, јавни власти, граѓански организации.

КОНЕЧНИ КОРИСНИЦИ: Македонските мали и средни претпријатија.

МојБизнис.Мк(圖4)-速報App