速報APP / 通訊 / Komunicira.me

Komunicira.me

價格:免費

更新日期:2018-02-08

檔案大小:59M

目前版本:1.2

版本需求:Android 4.0.3 以上版本

官方網站:http://www.komunicira.me

Email:gogovoinovski@gmail.com

聯絡地址:隱私權政策

Komunicira.me(圖1)-速報App

Знаковен јазик е апликација која ќе ја сруши комуникациската бариера помеѓу лицата со оштетен слух и остатокот од светот. Без разлика дали потребата за комуникација се јавува во рамките на некоја институција, транспортно средство или неформално окружување, оваа апликација им овозможува на сите да го научат знаковниот јазик, и да комуницираат со лицата со оштетен слух.

Оваа апликација е изработена од учесниците на Академијата за програмирање на Brainster, како дел од нивната едукација преку работа на реален проект. Новитетот кој Brainster го воведува од оваа година, е учесниците од Академијата за програмирање да изработат 3 апликации кои ќе помагаат во решавањето на одреден социјален проблем. Освен што луѓето на овој начин ќе учат, и ќе може да ги вметнат проектите во нивното портфолио исто така ќе придонесат и за заедницата.

Оваа апликација е изработена од учесниците на Академијата за програмирање: Марко Доновски, Оливер Божиновски, Горан Воиновски и Панче Димовски, во соработка со наставничката Викторија Волак и учениците Мимоза Далили и Филип Лефков од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски” Скопје - училиште за средно стручно образование на ученици со оштетен слух. Основна дејност на центарот е: образование, воспитување, рехабилитација, професионално и работно оспособување на учениците. Креирањето на оваа апликација беше поддржано од Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија, а дигиталната содржина е креирана од NewMediaMk.

Komunicira.me(圖2)-速報App

Brainster е иновативна компанија за едукација и кариерна трансформација која преку курсеви и Академии им овозможува на индивидуалците да дојдат до успешна кариера. Преку различните програми секој може да ги научи најбараните вештини за програмирање, маркетинг, дизајн и бизнис, па потоа да се поврзе со компании кои имаат потреба од најдобрите таленти.

www.komunicira.me

Komunicira.me(圖3)-速報App

Znakoven jazik

Komunicira.me(圖4)-速報App